Три лица биле нападнати од тројца мажи на автопатот Миладиновци, информира МВР.
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, 36-годишниот Р.Д. од Скопје пријавил дека на 02.06.2020 околу 13:30 часот, додека бил заедно со 34-годишниот М.М. од село Беловиште, тетовско и 28-годишниот Г.Д. од Скопје, во патничко возило „бмв Х5“, со скопски регистарски ознаки, во близина на клучката кон село Горно Коњари на автопатот Миладиновци, им бил попречен патот од патничко возило „ауди А4“, со велешки регистарски ознаки и патничко возило „голф 5“, со непознати регистарски ознаки, од каде излегле Ф.Ф., Е.Ф. и уште едно лице и истите им упатувале закани и физички ги нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.