Мобилната единица за безбедност во сообраќајот денеска од 7 до 13 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес. Санкционирани се 102 возачи, од кои 13 возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.