Маж е пронајден мртов во провалија денеска околу 13 часот во Нерези, потврдуваат д Министерството за внатрешни работи. Во близина е прнајден и автомобил марка „поло“

Телото по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција, велат од МВР.

Претходно, МВР објави дека шеесет и тригодишен скопјанец пријавил во полициска станица во Кисела Вода дека исчезнал неговиот 35-годишен син Г.А. Според информациите, Г.А. истиот ден во 16:00 часот во непознат правец се оддалечил со автомобил „фолксваген поло“.

Од МВР сè уште не можат да потврдат дека станува збор за исчезнатиот скопјанец.

Според податоците на порталот досие.мк, неговите колеги од програмерска компанија го пронашле во Нерези.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.