МВР излезе со информации за акцијата во Ваксинце. Оттаму велат дека се продолжува со истражните дејства а против лицето кое ги криумчарел мигрантите ќе му биде поднесена кривична пријава до Обвинителството за да отвори постапка.
Сторителот,најверојатно имало намера мигрантите да ги префрли кон Србија преку нелегални премини.
„Главно ја преминуваат зелената граница со Грција, околу Гевгелија и Валандово ги преземаат други лица-криумчари, ги носат во кумановско-липковскиот регион каде што ги преземаат луѓе кои транзитираат преку српската граница и преку Србија нагоре кон Европската унија- објаснува портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.