Министерството за внатрешни работи објави дека во изминатото деноноќие спровело акција против таканаречените „диви трки“ кои моторџии ги организираат низ скопските улици.

Овие крајно несовесни граѓани не само што го нарушуваат јавниот ред и мир во ноќните часови, туку и претствауваат опасност по пешаците и останатите учесници во сообраќајот.

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 18/19.07.2020 во времето од 19:00 до 1:00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 7 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци, стои во соопштението на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.