Министерството за внатрешни работи објави детали и видео за големата акција на шверц на 700 килограми кокаин во која беше уапсена македонската актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг. Од МВР велат дека Стојановска е дел од групата која шверцувала кокаин од Колубија во Шпанија, а лидер и организатор бил сопругот Војислав Будисављевиќ.
Македонската актерка, според сознанијата на полицијата на Македонија и на Шпанија кои заедно ја работеле акцијата подолг период, за потребите на нејзиниот сопруг резервирала апартман во Шпанија и го платила со своја картичка, но и зела 10.000 евра од непознато лице.
За шверцот бил ангажиран и неговиот брат, кој е резидентен жител на Белгија, бидејќи Будисављевиќ има забрана за патување во земјите на ЕУ.
Инстукциите и начинот на шверцот бил договаран на директни средби во многу градови вклучувајќи го и Скопје, но и преку интернет-комуникација со висока заштита.
За транспортот на дрогата биле исплатени 850.000 евра.
Акцијата ја работеле полициски штабови во Скопје и Мадрид.
С.С. по инструкции на сопругот направила резервација на апартман и го платила со сопствена картичка и отпатувала во Шпанија и подигнала 10000 евра од НН лице. Во симултана операција лишување од слобода истовремено се уапсени лица во Шпанија и Скопје и било запленето комбе со 700 килограми кокаин, појасни министерот Оливер Спасовски.
За сите е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со наркотични средства и сите имаат притвор. На Стојановска ѝ е одреден 30-дневен куќен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.