МВР излезе со детали за вчерашното пукање во скопското село Бојане. Според билтенот на МВР околу 14:25 часот било пријавено дека во с.Арнакија, скопско, на влезот пред угостителски објект, Е.Ј.(21) од с.Буковиќ, скопско, пукал со пиштол во Н.З.(35) од с.Бојане, скопско.

Според пријавата, до пукањето дошло по претходна расправија помеѓу 16-годишен малолетник и Џ.Ј. (21), и Е.Ј., двајцата од с.Буковиќ.

Н.З. се здобил со повреда при обид да ги смири.

Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.