Eдно лице е повредено во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 14 часот во Скопје на ул.„Тодор Александров“, кога дошло до судир помеѓу патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П (66) од Скопје и мопед „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.К. (38) од Охрид.
Возачот на мопедот Ј.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ургентен центар-Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.