Вчера околу 15 часот на влез во с. Рашче – Скопје, додека Ш.Џ. (69) од с. Сарај-Скопје, се движел со патничко моторно возило „Голф 3“ со скопски регистарски ознаки, кон него било пукано од патничко моторно возило при што Ш.Џ. починал на местото на настанот.

Извршен е увид од страна на Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.