Четириесет и пет минути по полноќ на регионален пат Куманово- Свети Николе во близина на крстосница со населбата Ајдучка Чешма, патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот С.Ј. удрило во В.Ц.(37-годишен полициски службеник) и А.М. (25 годишен кандидат за полициски службеник), кои биле на службена должност.

В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Свети Николе удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од 34-годишниот Н.П.

Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесни повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.