Синоќа околу 20 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П. (38) од Скопје, удрил во пешаците К.Д. (76), В.Д.К. (46), С.Т. (45) и Л.К. (50), сите од Скопје, информираат од МВР за вчерашната сообраќајка на Илинденска.
Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди. К.Д била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, В.Д.К. и С.Т. биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“, Л.К. била пренесена во градската општа болница „8-ми Септември“, мотоциклистот бил пренесен во комплексот клинки „Мајка Тереза“, соопштуваат во дневниот билтен.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.