На магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на село Радичево, утринава околу 4:05 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолсваген шаран’’ со бугарски национални ознаки управувано од Ф.Д.(31) од Струмица и товарно моторно возило „даф’’ со радовишки регистарски ознаки управувано од С.Т (44) од Радовиш.

Во незгодата на местото на настанот починала сопатничката во патничкото моторно возило С.Т(19) од Струмица , а возачот Ф.Д се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комлекс клиники „Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител, a увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.