Во СВР Куманово вчера во 8:20 часот било пријавено дека во КПС – Затвор К’шење бил пронајден починат Љ.М(22) од Куманово, без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Љ.М е жител на населбата Арбериа во Куманово. Според роднините на починатиот, објави Алсат, тој во текот на ноќта почувствувал болки, и во отсуство на ноќна смена на лекарите од затворот, тој се напил лекови од другите затвореници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.