Фотографијата на која вчера двајца контролори од ЈСП физички се пресметуваа со патник, ја разбранува јавноста.
За случајот денеска се огласи и МВР, од каде информираат дека во автобус на ЈСП број 2 кој сообраќал на релација од Центар кон Ѓорче Петров 2, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 16-годишен малолетник од Скопје од една страна и С.С.(49) и Н.Т.(52) од Скопје вработени како контролори во ЈСП од друга страна.
До тепачката дошло по претходно меѓусебно недоразбирање и расправија околу наплата на билет за возење.
По преземени мерки поднесени се соодветени поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.