Министерството за внатрешни работи ги соопшти деталите околу апсењето на полските навивачи кое се случи денеска попладне на скопскиот плоштад „Македонија“. Според очевидци, неколку навивачи од Полска биле приведени веднаш во кафулето каде што се степале меѓусебе, а дел полицајците ги бркале низ плоштад и успеале да ги фатат и приведат. Ова е само претходница од главнината полски ултраси, кои важат за едни од највоинствените во Европа и кои сеочекува да бидат околу 2.000 во Скопје на утрешниот меч.
Расправијата прво била вербална, а потоа и физичка по што морале да се вмешаат и македонските полицајци.
„Станува збор за меѓусебна тепачка на навивачи на Полска. Многу брзо интервенираа полициски службеници и сега засега се приведени 4 лица“, велат од Министерството за внатрешни работи за порталот „Сакам да кажам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.