Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 19 часот на крстосница од булеварот „Илинден“ и на улицата„Никола Тесла“.

МВР информира дека во несреќата учествувале автомобил „цитроен“, управуван од И.Е.(31) од Скопје и автомобил „даихатсу“, управуван од С.Г.(52) од Скопје, двата со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобила Р.Е.(28) од Скопје, сопатничка во возилото „цитроен“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.