На 28.08.2019 околу 21,50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар ,,Видое Смилевски Бато’’ во паркирано патничко моторно возило ,,алфа’’ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени. Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники,, Мајка Тереза’’. По презмени мерки од полициските службеници пронајдени се Т.Т.(44) и М.Н.(35), родители на децата. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.
Претходно „Република“ објави за овој случај и побара информации од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.