Возач на автобус и тројца патници се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа која се случила на патот Битола-Прилеп.
На 26.06.2021 околу 06.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај село Алинци, автобус со албанска национална ознака излетал од патот. Во незгодата возачот на автобусот Л.М.(48) од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди, додека тројца патници М.Х.(46), Г.М.(37) и 14-годишник, сите од Албанија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола, информира МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.