Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека на улица „Народни Херои“, во стан сопственост на МС.(58) избувнал пожар.
Од пожарот биле зафатени уште два стана и тие биле целосно опожарени, а оштетени биле повеќе станови од чад и вода при гаснењето. Пожарот бил изгаснат во 17.25 часот од Бригадата за противпожарна заштита.
Со возило на Итна медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле пренесени шест лица – станари на зградата поради вдишување на чад. Исто така, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле пренесени и тројца пожарникари поради вдишување на чад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.