Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени во денешната прес конференција на “Независниот синдикат на полицијата“, со кои тенденциозно се обидува на јавноста да и се претстават состојби кои се далеку од реалноста.

Во изминативе две години актуелното раководство на МВР континуирано работи на подобрување на затекнатите состојби во кои што беа полициските службеници. Интензивно се вложува во подобрување на условите и стандардите за работа, користејќи ги сите објективни капацитети и можности што се на располагање.

Јавноста континуирано има можност директно да биде запознаена за сето ова, а тоа ќе го правиме и во иднина промовирајќи го подобрувањето на условите за работа на полициските службеници низ целата држава и во сите организациски единици, се вели во реакцијата на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.