Портпаролот на МВР Тони Ангеловски вечерва од местото на несреќата даде изјава во која истакна дека во моментов се утврдуваат причините за несреќата.

За жал се случи голема трагедија, имаме бројка од 13 починати луѓе, триесетина повредени. Увидот е во тек, на лице место е излезен јавен обвинител. Тука беше и министерот Оливер Спасовски кој замина во болница заедно со министерот Филипче. Подетални информации ќе соопштиме кога ќе имаме. Разговарано е со возачот, тој моментално се наоѓа во болница. И натаму е рано да се утврди вистинската причина за несреќата“, изјави Ангеловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.