Ноќеска, пет минути по полноќ во Скопје, при интервенција на ул.„Димче Милошевски“ по поплака за гласна музика, А.К.(25) од Битола нападнал полициски службеник, соопшти МВР.
Потоа во вршењето на службени дејствија полициските службеници биле спречувани од Т.П.(26) од Скопје и бил приведен во полициска станица.
Исто така, приведен бил и Б.П.(56) од Скопје бидејќи организирал семејна веселба спротивно од препораките од во врска со „Ковид 19“.
Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.