Откако вчера медиумите објавија дека се приведени синовите на Дилавер Бојку, МВР денеска излезе со официјално соопштение, во кое не ги соопштува мињата, но иницијалите се поклопуваат:
На 19.03.2021 околу 21.45 час. на патот Струга-Дебар, пред с. Велешта полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга по чл.123, чл.396 и чл.244 од КЗ на РСМ, осуден на казна затвор од 21 година. При приведувањето кај Е.Б. е пронајден пиштол. Приведен е и Б.Б., кај кого исто така е пронајден пиштол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.