Во битолската Клиничка болница вчера било донесено 14-годишно девојче кое починало во базен на улица „Довлеџик“.
Од МВР информираат дека вчера, околу 12:45 часот во СВР-Битола било пријавено дека во Клиничката болница во Битола било донесено починато 14-годишно девојче, кое починало околу 10:00 часот во базен на ул.„Довлеџик“.
По наредба на Јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.
Според информациите на локалната телевизија „Тера“, базенот не бил пуштен во употреба и бил затворен.
„Довлеџик“ е во сопственост на ЈП „Стрежево“, но од пред две години е даден под концесија на приватна фирма, која со него ќе стопанисува 15 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.