Полициски службеници од САЕ Тигар во координација со АНБ ноќва во 01.40 часот во месноста Лавчани на територија на Велес го приведоа З.Н. (30) од с. Батинци кој се барал со потерница поради основано сомнение за повеќе сторени кривични дела, меѓу кои две „обид за убиство“, соопштија од МВР.
Лицето ќе биде предадено на надлежното обвинителство, велат оттаму.
Претходно „Слободен печат“ објави дека станува збор за Малиот Репки, познат насилник и рекетар од Батинци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.