Дадилка која го тепаше малечкото детенце е во притвор, потврдија од МВР за „Република“, оттаму велат дека понатаму за случајот ќе постапува јавното обвинителство.

Агресивно однесување на дадилката врз детето беше регистрирано на камера во игротека со Скопје.

На снимката се гледа како на едно од трите деца со кои доаѓа, му удрира шлаканици, го влече по подот и насилно го седнува на столче.

Нејзиното агресивно однесување го пријавал менаџерот на игротеката.  За случајот е известен и Центарот за социјални работи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.