Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д.(69) за злоупотреба на службената положба и овластување.
Пријавениот, како службено лице, секретар на општина Сопиште, во текот на 2012 година, иако знаел дека согласно член 392 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата општината не е надлежен орган за утврдување на режимот на сообраќај и за издавање на „Согласност за приклучување кон регионален пат“, во име на општина Сопиште изготвил и со свој потпис и печат на општината заверил и издал „Сообраќајна согласност“ на правно лице од село Батинци, како концесионер на концесионото поле-варовник на локалитетот „Јаболци“.
Така изготвената и издадената документација за добивање на Дозвола за експлоатација согласно член 55 од Законот за минерални суровини, од сопственикот на правното лице била употребена и приложена во прилог на поднесеното Барање до Министерството за економија.
Од извршениот увид и преглед на податоци на извршена експлоатација било утврдено дека правното лице прибавило противправна имотна корист во износ од 35.641.056,оо денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.