Министерството за внатрешни работи денеска објави што се случуваше синоќа во Гази Баба.
Вчера во 22,00ч. во ПС Гази Баба од страна на полициски службеници биле лишени од слобода В.М. (19) од Арачиново, С.Р. (21) од с.Синѓелиќ и В.В. (30) од ул.„Алија Авдовиќ“ поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.206 од КЗ на РСМ, односно непочитување на ограничувањето на движење. По лишувањето од слобода на лицата, на ул.„Алија Авдовиќ“, поголема група граѓани излегле на истата улица во знак на протест, се вели во полицискиот билтен.
По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење, информираат од МВР.
Mинистерот за внатрешни работи најави дека денеска во 12,30 часот во Министерството за внатрешни работи ќе одржи прес конференција на која ќе ги соопшти деталите во врска со вчерашниот настан во населбата Ченто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.