Министерството за внатрешни работи најостро демантира дека има исчезнато лице Лука Божиновски, како што вчера и денеска се споделува на социјалните мрежи од страна на поединци кои повторно шират лаги и дезинформации со цел да предизвикаат страв кај граѓаните.

Се злоупотребува случај од 2017 година кога лицето е пријавено за исчезнато и веднаш пронајдено. Имено, Лука Божиновски е пријавен за исчезнат на 03.08.2017 во ПС Ѓорче Петров и веднаш е пронајден односно запрена е потрагата по него на 04.08.2017, велат од министерството.

Оттаму апелирааат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни вести.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.