Министерството за внатрешни работи најави казни за организаторите на синоќешниот настан пред Музејот на современа уметност (МСУ) по снимката која се споделува на социјалните мрежи и на која се гледа дека голем број од присутните не носеле маски и не почитувале дистанца.
На видеото се гледа ди-џеј кој пушта музика, метеж и повеќе лица како танцуваат и се забавуваат без почитување на основните мерки за заштита.
Директорката на МСУ, Мира Гаќина вели дека настанот, кој е дел од соработката со Музејот на Македонија, бил најавен и организиран според протоколите, а ди-џејот не правел журка, туку имал перформанс.
Настанот е дел од меѓународното биенале на мали уметници „Страст за лутање“ кое почна во средата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.