Одделенија за управни работи ќе работат денеска и утре, соопштија од министерството за внатрешни работи. Сите барања за издавање лична карта по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.
Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со денеска, 20 април. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори, недела, 21 април, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти. Истото ќе важи и за вториот изборен круг”, соопштија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.