Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје се изречени вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 9 за возење под дејство на алкохол, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 3 мерки за неносење на сигурносен појас, 7 за возач почетник, 8 за користењена мобилен телефон, 21 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.