Во врска со случајот пренесен преку видео снимка на социјалната мрежа “Тик-ток”, МВР преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност веднаш презеде мерки и активности за утврдување на деталите од видеото, меѓу кои и откривање на идентитетот на лицето.
Како резултат на тоа, денеска (02.01.2021) во 20.10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Џ.(39) од с.Боговиње, поради основано сомнение дека на социјалната мрежа Тик-Ток објавил видео, на кое малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица. Тој е приведен во Полициско одделение Камењане и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, предвидено и казниво по чл.396 од Кривичниот законик.
Притоа за настанот е информиран и Центарот за социјална работа кој презема соодветни мерки согласно нивната надлежност. МВР ќе продолжи и понатаму посветено да работи и да ја става безбедноста на граѓаните на прво место!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.