Денеска полицијата уапсила 37-годишен бегалец, осуден за убиство, кој треба да одлежи 20 години затвор.

-Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги и Единицата за интервентна полиција денеска околу 19 часот го лишија од слобода А.А. (37) од с.Мојанци, скопско, за кого била распишана потерница на Основен Кривичен Суд- Скопје за убиство, а за издржување казна затвор од 20 години, информираат од МВР.

Медиумите претходно објавија дека е фатен бегалецот Ајвази Ајдиљраман алијас командант Тануша.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.