Во текот на изборниот ден регистрирани се четири фотографирања на гласачки ливчиња, а сторителите се приведени. Гласач во Новаци, пак, под дејство на алкохол оштетил гласачка кутија, а во село Кучичино забележано е лице кое делело пропаганден материјал во близина на гласачко место, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој рече дека гласањето поминало мирно и без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Спасовски рече дека на овие избори за разлика од претходните претседателски имало пет пати помалку пријавени инциденти. Министерот рече и дека на овој изборен процес нема пријавено кривично дело, што, според Спасовски, не било случај на ниту едни претходни избори.

Институциите покажаа дека можат да се организираат мирни и демократски избори. Им честитам на граѓаните за мирниот деморатски ден. Република Македонија покажа дека може да се организираат европски избори, рече Спасовски.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.