Две лица загинаа, а седуммина се повредени, меѓу кои и деца, во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 23 часот на крстосница од бул.„Србија“ и бул.„Борис Трајковски“. Од МВР за „Република“ потврдуваат дека во несреќата учествувале пет автомобили, а уапсен е еден возач.

Се судриле „фолксваген пасат“ управуван од Р.А.(50) од Студеничани, „мерцедес“ управуван од Х.С.(28) од Скопје, „фолксваген шаран“ управуван од З.И.(30) од с.Студеничани, „хјундаи аксент“ управуван од О.А.(25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје.

Во незгодата, на местото починале возачите Р.А. и Х.С.. Со тешки телесни повреди се здобил малолетник во возилото „фолксваген пасат“, а со телесни повреди се здобиле сопатниците во истото возило Ф.А.(49), Н.А.(23) и две малолетни лица, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобиле и возачите О.А. и Е.Б., велат од МВР.

По укажаната лекарска помош, О.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Увид на место извршила екипа на СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.