Владата на денешната 50-та седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга, како и прославата организирана од Министерството за внатрешни работи по повод одбележувањето на Денот на полицијата на Република Македонија, кои претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани со одлуките, мерките и препораките донесени од страна на Владата, да утврди одговорност и да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото да ја информира Владата на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.