Во акција на скопската полиција во селото Грчец, уапсено е едно лице, додека по друго се уште се трага. Против двајцата, коишто се роднини, се поднесени кривични пријави за недозволено поседување и тргување со огнено оружје.
Зекирија Љ. (34) бил веднаш уапсен и судија на претходно постапка му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена, додека вториот осомничен Абдулрахим Љ. (40), не бил пронајден. Но, и за него по забрзана постапка била поднесена кривична пријава за за недозволено поседување и тргување со огнено оружје.
Акцијата на СВР Скопје уследила по настан на 7 декември, лани, кога во селото било откриено и запленето оружје.
Според полициски информации, двајцата жители на скопското село Грчец биле познати како сторители на кривични дела од областа на насилниот криминал и недозволената трговија со дрога и оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.