За последните 24 часа на територијата на Република Македонија на 76 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.
Според МВР во текот на изминатото деноноќие (26/27.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 20 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 284 прекршоци.
За последните 24 часа на територијата на Република Македонија на 76 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.