Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава 204 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени и лишени од слобода се 180 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Исто така, изречени се и 318 прекршочни казни поради неносење лична заштита на лице.
Во изминатите 24 часа, на 511 лица им се издадени решенија за изолација, а 70 лица потпишале изјави за самоизолација. При контрола кај лица во изолација и самоизолација не се евидентирани случаи на непочитување на мерките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.