Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 46 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.