Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против двајца Авганистанци, на возраст од 31 и 25 години, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво.
Од Обвинителството информираат дека осомничените на место викано Чифлик, во атарот на село Табановце, со употреба на сила и сериозна закана одзеле од оштетениот, државјанин на Индија, подвижен предмет со намера противправно да го присвојат.
Осомничените телесно го повредиле оштетениот откако со сериозна закана и со употреба на нож и на тврд подесен предмет го удриле во пределот на главата. По ударот жртвата паднала на земја, по што двајцата осомничени му ги врзеле рацете и нозете и сериозно му се заканиле дека непосредно ќе нападнат врз неговиот живот и тело ако не им ги даде сите пари што ги има. Осомничените одзеле 440 евра, а потоа повторно почнале да го удират оштетениот и го присилиле да побара од неговиот брат да му испрати парични средства преку „Money Gram“ во износ од 2.300 евра за да биде ослободен – се наведува во соопштението.
Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомничените. При што е предложената мерка притвор во времетраење од 30 дена за двајцата обвинети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.