Дваесет и деветгодишна девојка од Кавадарци во полиција пријавила дека во неделата околу 22.30 часот во нејзината соба нејзиниот познаник И.А.(28) од Кавадарци извршил обљуба врз неа.

Според пријавеното, тие прво почнале да се бакнуваат, по што таа му рекла да застане, но тој ја извршил обљубата.

И.А. бил пронајден и со него бил извршен разговор во полициска станица.

По Наредба на јавен обвинител Ј.П. ќе биде спроведена до институтот за судска медицина во Скопје за преглед и вештачење. Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.