Денеска во 13.10 часот на граничниот премин Блато, на влез во Република Македонија, полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(43) од Република Албанија. При вршење на граничните проверки тој се обидел да даде потпкуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете.

А.Г. бил предаден на инспектор при Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија -Дебар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.