Скопјанец купил возило од дебарчанец, но по склучениот нотарски договор побегнал без да му даде пари. Подоцна возилото го продал на лице од Скопје. Според МВР, поднесена е кривична пријава против четириесетитри годишниот скопјанец.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ф.С.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 04.12.2020 кај нотар во Прилеп, Ф.С. и В.К.(43) од Дебар склучиле купопродажен договор за патничко возило „бмв“, сопственост на В.К., а откако излегле од нотарската канцеларија, Ф.С. влегол во возилото и заминал без да му даде пари на В.К.. На 07.12.2020, Ф.С. истото возило го продал на лице од Скопје со купопродажен договор склучен кај нотар во Велес – велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.