Повозрасен маж од Тетово денеска е пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид.
Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој посочи дека кај лицето не се забележани траги на насилство и оти се работи за природна смрт.
По барање на Јавен обвинител утре ќе биде направена обдукција врз телото на починатиот – изјави Димоски.
По пријава на граѓани веднаш на местото пристигнала екипа на Брзата помош, која констатирала смрт.
Според првичните информации, станува збор за лице на околу 60-годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.