Во попладневните часови во саботата во Регионалниот центар за гранични работи Југ, било пријавено дека на јужната граница, на непристапен шумски предел во реонот на селото Негорци, имало починато лице, најверојатно мигрант.

Полициски службеници излегле и на местото викано Жабја река, кај селото Негорци, го пронашле починатото лице.

Смрт била констатирана од лекар од итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено за обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.