Синоќа во скопската населба Ново Лисиче се случила трагедија. Како што информира „Досие.мк“, безживотното тело на К.М. било пронајдено во подрумските простории на зградата во која живее.

Според соседите, старецот бил мирен и тивок човек кој имал тежок живот. Пред неколку години му се случила семејна трагедија кога му загинал синот.

Отогаш тој и сопругата се грижеле за внуците. Пред 40 дена починала неговата сопруга.

Неофицијално телото го пронашол внукот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.