Рано утрово околу 04.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во импровизирана дрвена барака на ул.„Љубо Божиновски-Пиш“, во непосредна близина на спортската сала во Тетово.
Во пожарот бараката целосно изгорела, а на местото било пронајдено изгорено, безживотно машко тело.
Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител телото било предадено за идентификација и обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.