Вчера во 17.49 часот во СВР Битола било пријавено дека во базен во круг на фабрика на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп бил пронајден удавен Г.М.(56) од с.Беровци, кој бил ангажиран како чувар на објектот.
Од противпожарна екипа од Прилеп телото било извлечено, а од доктор од итна медицинска помош Прилеп извршен е преглед и констатирана е смрт без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.